Eто: Камерун и Мароко ќе играат во финалето на Мундијалот

EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Претседателот на Фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето во интервју пред Светското првенство даде оптимистична прогноза за неговата, но и за останатите африкански репрезентации.

Ето верува дека Сенегал, Тунис, Мароко, Гана и Камерун кои ја претставуваат Африка на Мундијалот ја поминат групната фаза.

„Сите пет африкански тимови ќе ја поминат групната фаза. Камерун, Мароко и Сенегал ќе бидат први во своите групи“. Смета поранешниот фудбалер.

Посебно изненадува што Ето очекува во финалето да се сретнат Камерун и Мароко. Тој дури го опиша и патот на Камерун и Мароко до натпреварот за трофејот.

„Мароко ќе стигне до финалето откако во осминафиналето ќе ја победи Шпанија, потоа Португалија во четвртфиналето и актуелниот светски шампион Франција во полуфиналето. Камерун до финалето ќе дојде со победи против Белгија во четвртфиналето и Сенегал во полуфиналето“, изјави Ето.

На овие изјави на Ето повеќе се гледа како негови желби, отколку реални прогнози затоа што ретко кој верува дека Камерун навистина би можел да стане светски шампион или пак Мароко да игра финале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот