Есенцијални зачини што треба да ги има во секоја кујна

pixabay

Без оглед на тоа како и што готвите, зачините се еден од најважните елементи во вашата кујна. Тие се брз начин да додадете многу вкус на што и да приготвувате, од црвен грав во конзерва до печен зеленчук или некое месо.

Но, тие исто така се огромна категорија, што влегува во „семејството“ на зачини а што не, е многу тешка одредница.  Добрата вест е дека не ви требаат многу различни зачини за да започнете со вашата колекција, тоа може да зависи од храната што сакате да ја готвите.

Некои зачини можат да бидат скапи, но од друга страна пак, тие траат долго време. Професионалните готвачи секогаш советуваат луѓето да купуваат зачини во цела форма, отколку претходно смелени. Еве неколку од основните зачини што треба да ги има секој во својата кујна:

Црн бибер

Ако готвите дома веќе знаете колку често се користи црн бибер, се става речиси во секое солено јадење. Доколку купите цели зрна бибер, треба да знаете дека маслата што ги содржи зрното бибер не се распаѓаат толку брзо, односно го задржува вкусот подолго време.  Постојат црни, бели и розови зрна бибер, но добропознатиот црн бибер е одличен и е од витално значење за речиси секое јадење.

Ким

Зачинот ким има уникатната земјена, ароматична нота и е природно богат со масла. Одлично е да користите ким во зрнеста форма и да го мелите по потреба. Кимот е основна состојка во многу мешавини на зачини, како кари во прав или чили. Но, ако немате време и енергија да мелите ким секогаш кога ќе ви притреба, мелениот ким е исто толку добар избор. Можете да го додавате во тестенини, во зеленчук на скара, одличен е во комбинација со јагнешко месо, со модар патлиџан или печен карфиол.

Куркума

Куркумата е суштински зачин. Речиси на сите ни е познат впечатливиот жолто-портокалов зачин кој секогаш нѐ асоцира на Индија или Тајланд и на нивната специфична храна. Но, куркумата може да ја користите за многу повеќе работи. Куркумата е дел од семејството ѓумбир  и има светол, цветен дури и благ вкус. Квалитетната куркума е феноменален избор за додавање во пилешко со ориз или супа од наут.

Ловоров лист

Еден од основните зачини на француската кујна е ловоров лист. Иако станува збор за исушен лист кој не се јаде, доколку додадете ловоров лист додека се приготвува храната, дава убава тревна арома. Листовите од ловор не се отровни за јадење, но честопати се непријатни, бидејќи самата структура на листот е бодлива и може да биде опасност од задушување. Можете да го додадете во тава со компири или секоја зеленчукова супа што ја приготвувате дома. А честопати се комбинира и во приготвување на месо.

Цимет

Циметот е важен елемент во печењето, но исто така е корисен и за солени јадења или во комбинација со други зачини. Затоа што може да се користи во повеќе видови на храна, разликата во потеклото на циметот е важна за вкусот. Повеќето луѓе се навикнати на индонезискиот цимет, кој има нежен, дрвенест вкус. Но постојат и зачинети цимети, кои потекнуваат од Виетнам. Можете да го додавате во тесто за палачинки, да наросите врз сладок компир, со јаболка, или едноставно да додате малку цимет во вашето утринско кафе.

Оригано

Сувото оригано е основен зачин во многу медитерански и латиноамерикански јадења. Ориганото е уште еден од зачините што ги среќаваме во сите пицерии низ светот. Вкусот е топол и малку горчлив, што го прави прекрасен зачин за сите видови храна, како ракчиња на скара, печено пилешко, како додаток на печени компири или салати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот