Ердоган ја потпиша ратификацијата на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган/ Фото: EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја потпиша ратификацијата на шведската кандидатура за членство во НАТО, која беше усвоена од парламентот, објави официјалниот весник на земјата. Турскиот парламент го поддржа пристапувањето на Шведска на гласање во вторникот.

Унгарија сега е единствениот НАТО сојузник што не го ратификуваше приемот на Шведска, пренесе „Танјуг“, повикувајќи се на „АП“.

Турција го одложуваше одобрувањето на членството на Шведска повеќе од една година, обвинувајќи ја земјата дека е премногу попустлива кон организациите што Анкара ги смета за терористички.

Таа побара отстапки од Стокхолм, вклучително и потези за борба против тие групи.

Ердоган ја поврза ратификацијата на шведското членство во НАТО и со одобрувањето на САД, на барањето на Турција, за купување на 40 нови борбени авиони Ф-16 и комплети за модернизација на постојната турска флота.

Тој, исто така, ја повика Канада и другите сојузници на НАТО да го укинат ембаргото за оружје кон Турција.

Претставници на американската администрација рекоа дека очекуваат релативно брза акција за продажбата на Ф-16 по ратификацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот