Ердоган го предупреди Путин: Турција не признава мерки кои влијаат врз интегритетот на Украина

Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин / Фото EPA-EFE/PAVEL GOLOVKIN / POOL

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денешниот телефонски разговор го предупредил својот руски колега Владимир Путин дека Турција „нема да признае каква било мерка што ќе влијае на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина”, соопшти турското претседателство.

Ердоган, исто така, на рускиот претседател му кажал дека „воениот конфликт нема мокому да му донесе ништо добро”, додаде претседателството, без да прецизира колку долго траел разговорот меѓу двајцата лидери.

Путин во понеделникот ги призна двата сепаратистички региона во источна Украина, Доњецк и Луганск, и вчера доби согласност од Парламентот да ја употреби армијата надвор од Русија.

Западот и Украина стравуваат дека Русија подготвува неизбежна инвазија на оваа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот