„Ербас“ со загуба од 481 милиони евра во првото тримесечје

„Ербас”, европски производител на авиони, објави денеска нето загуба од 481 милиони евра и нагласи дека многу брзо се идентификувале последиците од епидемијата на коронавирус на својата сметка.

Една година порано, Групацијата имаше нето добивка од 40 милиони евра.

Приходот на „Ербас” за првите три месеци од 2020 година се намали за 15,2 отсто на 10,6 милијарди евра, како одраз на тешкото опкружување што влијае на пазарот на цивилното воздухопловство, се вели во соопштението на „Ербас”.

За време на тој периодот поради пандемијата, европскиот производител на авиони испорача 40 машини помалку отколку пред една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот