Ер Србија воведува сезонски летови меѓу Белград и Охрид

Ер Србија воведува сезонски летови меѓу Белград и Охрид. Според соопштението, националната српска авиокомпанија ќе лета до Охрид од аеродромот Никола Тесла во Белград, четири пати неделно, секој понеделник, среда, петок и сабота.

Првиот лет на Ер Србија свечено беше пречекан на аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид.

– При изборот на дестинации, патниците посветуваат големо внимание на нивната пристапност. Директната воздушна врска често е одлучувачки фактор. Имајќи го тоа предвид, од почетокот на 2023 година, ја збогативме нашата мрежа со повеќе од 20 градови низ Европа, Северна Америка, Азија и Африка до кои не летавме во 2022 година. Од денес можете да стигнете и до Охрид со директен лет од Србија. Веруваме дека оваа линија ќе биде интересна за патниците и дека ќе ги мотивира да го поминат својот одмор токму на „македонското слатководно море“- изјави Бошко Рупиќ, директор за комерцијална и стратегија на Ер Србија.

Од Охрид, преку Белград, се додава во соопштението, патниците ќе имаат добра врска со голем број дестинации во мрежата на Ер Србија, како Амстердам, Виена, Берлин, Болоња, Цирих, Дизелдорф, Франкфурт, Хамбург, Копенхаген, Љубљана, Њујорк, Осло, Подгорица, Прага, Рим, Венеција и Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот