Емине Мурати избрана за судија во Апелационен суд Гостивар, Вулнет Винца в.д. претседател на Основен суд Струга

Судски совет/Фото: Слободен печат-Слободан Ѓуриќ

Судскиот совет денеска ја избра судијката Емине Мурати за судија од кривична област во Апелационен суд Гостивар, додека судијата Вулнет Винца од Основен суд Охрид беше делегиран во Струга и избран за в.д. претседател на Основен суд Струга, каде што денеска му беше утврдено пензионирање на поранешниот претседател Ифет Бајрамовски.

На денешната 477. Седница на Судски совет на Македонија беше утврдена конечната ранг листа за избор на судии на Апелационен суд Штип, и тоа од граѓанска област кандидати се Тодор Поп Панев, Сузана Милевска, и Александар Цацков, а од кривична област, Цона Каламерникова, Ѓорѓи Андонов, Сузана Милевска, Јулијана Невкова и Невена Перица.

На седницата беа формирани Комисија за подготвување на кандидатски листи за избор на член на Советот и Комисија за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови во РСМ.

Планот за јавни набавки на Судскиот совет за 2024 година беше усвоен со дополнение за јавни набавки кое опфаќа шест набавки, помеѓу кои канцелариска опрема, опрема за снимање и гласање, информатичка опрема, софтвер за утврдување на сложеност на судски предмети и замена на подна покривка. Членот Селим Адеми, побара да се доуреди и набавката на симултан превод, за која рече дека е ветена одамна.

Точката со постапување по одлука на Управен суд беше повлечена, а на 12 судии поротници од Апелационен суд Гостивар им беше утврдено истекување на мандатот.

Барањето за патни трошоци на судијката Габриела Гајдова, судија на Апелационен суд Скопје, беше одобрено, додека, за барањето на судијата Александар Шопов Советот одлулчи да дискутира на наредната седница.

Денеска беа усвоени и записниците од 463, 473 и 475-та итна седница на Судскиот совет со забелешка повеќе да се внимава на нивната содржина, а точките поврзани со утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, како и вообичаено, беа затворени за јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот