„Ел Чирингито“: Диего Симеоне ќе го напушти Атлетико Мадрид

фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Диего Симеоне на крајот на сезоната ќе го напушти Атлетико Мадрид, беше објавено во шпанската емисија на „Ел Чирингито“.

Атлетико сезонава во Лигата на шампионите беше последнопласиран во групата со Порто, Клуб Бриж и Баер, а во шпанското првенство е на петтото место со дури 14 бода помалку од лидерот Барселона.

Аргентинскиот тренер е на клупата на „јорганџиите“ од 2011 година. Во 2014 на мадридскиот клуб му ја донесе титулата шампион на Шпанија, прва од 1996 година.

Седум години подоцна, Симеоне и Атлетико повторно беа најдобри во „Ла Лига“.

Со клубот двапати дојде до трофејот во Лига Европа, двапати до титулата на Суперкупот на Европа, Кралскиот Куп и двапати играше во финалето на Лигата на шампионите.

Челзи и Атлетико се договориле: Феликс на позајмица во Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот