Експертите откриваат: Како да ја преживеете сезонската депресија, кулминацијата е токму сега, во ноември

Фото: Pexels/Anna Shvets

Анализата на консултантската компанија за ментално здравје „Thriveworks“ наведува дека, според трендовите за пребарување на интернет, сезонската депресија ќе го достигне врвот во втората недела од ноември, што е токму сега.

„Пребарувањата за сезонско афективно нарушување оваа година се за 33,34 отсто повисоки отколку во 2021 година и 2,44 отсто повисоки од порано“, според Thriveworks.

Промената на времето и пораното зајдисонце може да доведат до сезонска депресија, медицински наречена сезонско афективно нарушување или скратено САД. Според Клиниката Кливленд, од оваа состојба страдаат 10 до 20 отсто од возрасните.

Кои се симптомите на сезонското афективно нарушување?

Најчестите симптоми на сезонско афективно нарушување се губење на интерес за активности во кои вообичаено уживаме, губење на либидото, проблеми со концентрацијата, зголемен апетит (особено за јаглехидрати) и сонливост.

Мажите имаат двојно поголема веројатност да развијат симптоми, а една неодамнешна студија покажа дека оние кои живеат во Шкотска, Северен Велс и Лондон се најподложни поради помалата количина на сончева светлина што ја добиваат. Симптомите може да се појават кај луѓе од сите возрасни групи, вклучувајќи ги и децата.

Како се лекува сезонското афективно нарушување?

Експертите велат дека сезонското афективно нарушување треба да се лекува како и другите видови депресија – со когнитивно-бихевиорална терапија. Пациентите користат и комори за фототерапија. Помагаат и намалениот внес на алкохол и зголемената консумација на темно чоколадо, масна риба, банани, темно месо, авокадо и јаткасти плодови. Ако живеете во делови од светот со помалку сончева светлина, додатоците на витамин Д исто така може да помогнат.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот