ВИДЕО | Eксперт за крокодили од Австралија сексуално малтретирал повеќе од 40 животни

Силувач на животни од Австралија / Фото Фејсбук

Истакнат експерт за крокодили од Австралија вчера се изјасни за виновен за серија ужасни обвиненија за злоупотреба на животни, вклучително и силување и мачење кучиња.

Според Дејли Меил, 51-годишниот Адам Роберт Корден Бритон го започнал својот садистички чин во 2014 година, а властите веруваат дека тој мачел и сексуално малтретирал повеќе од 42 кучиња до неговото апсење во април 2022 година.

Угледниот зоолог, кој претходно работел во Универзитетот Чарлс Дарвин, во понеделникот се појави смирен пред судот и се изјасни за виновен и за грозоморните злосторства врз животните што му ги довериле неговите сопственици и за трговијата со детска порнографија.

Пред обвинителот Марти Ост да прочита детали од обвинението, судијата ги предупреди присутните и новинарите во просторијата дека ќе има докази за „ монструозни и перверзни акти на бруталност“ кои, според него, „можат да ја шокираат“ јавноста.

Описите дадени во судот вчера се премногу шокантни за да се пренесат, пишува британскиот весник, истакнувајќи дека дејствијата на 51-годишникот довеле до смрт на 39 кучиња.

„Обвинетиот имал садистички сексуален интерес за животните, особено за кучињата“, рече обвинителот.

Покрај тоа што ги мачеше сопствените животни, Бритон се рекламирал преку огласи на доверливите сопственици на домашни миленици во областа Дарвин, придобивајќи ја нивната доверба и убедувајќи ги да му ги доверат своите кучиња кога и самите им било тешко да се грижат за нив поради работни обврски или затоа што тие морале да патуваат.Ж

Во еден од случаите што биле разгледани на суд, Бритон на поранешниот сопственик на куче му испратил смирувачка порака, велејќи дека „Волф добро се прилагодила, добро јаде и ужива во својот нов дом“. Всушност, кучето веќе било силувано и измачувано до смрт од полудениот човек.

Поранешниот академик, кој еднаш го покани легендарниот Дејвид Атенборо да одржи говор на Универзитетот каде што работел, објавувал видеа од него како злоставува кучиња на перверзни форуми користејќи псевдоним.

Минатата година, едно од овие видеа беше испратено до организација за заштита на животните во Северната територија, која потоа го проследи материјалот до полицијата. Бритон беше уапсен во април 2022 година и оттогаш останува во притвор.

Казната на човекот ќе биде објавена на ново рочиште на 13 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот