Еко герила: Се давиме во фекалии оти на властите животната средина не им е приoритет

Фото: Слободен печат

Загадени реки каде граѓаните фрлаат се и сешто, фекалии од градските канализации кои завршуваат во реките без да се прочистат е сликата која сакаме да ја подобриме, но властите кои треба да ги преземат конкретните чекори не прават ништо, велат од невладината организацијата Еко герила.

Оттаму се скептични на последните најави на Министерството за животна средина, дека за неколку месеци ќе се започне да се гради пречистителната станица за отпадни води во тетовско, со која конечно ќе добиеме чисти реки. Ваквите ветувања велат од Еко герила ги слушаме со децении, но на терен нема ништо .

„Реките се загадуваат, а со тоа и почвата се загадува со чија вода се наводнува земјата во тетовскиот регион.Ситуацијата е таква каква што е и сето тоа е нормално оти животната средина никогаш не била приоритет на властите и затоа полесно им е да трошат пари на друго место, отколку да се грижат за здравјето на граѓаните. Имаше и странски агенции кои финансираа за филтер станицата, но работата се одолговлекува од нашите институции, кои никогаш немале сериозен пристап кон овие работи. Треба да се работи и во насока на едукација на граѓаните кои нивниот домашен комунален смет го фрлаат во реката, но исто така и индустријата која треба да ги прочистува водите пред да ги испушта во реката, или во краен случај да следуваат казни и поостри мерки, а со тоа да имаме и почиста животна средина, вели Аријанит Џафери од Еко Герила.

Фото: Слободен печат

Изградбата на Пречистителната станица за отпадни води за Тетово никако да започне. Проектот стартуваше во 2019 година кога тогашната локална самоуправа и централна власт, најавија дека системот треба да биде готов до 2022 година.

На дебата одржана пред неколку дена во Тетово на тема „Изградба и реконструкција на колекторски и канализациони системи и изградбата на пречистителна станица за отпадни води во Тетово“, властите со повторно ветување дека станицата ќе започне да се гради оваа година.

„Ние се надеваме дека до крај на април или почеток на јуни ќе почне овој процес и планираме да трае три години затоа што е голем проект. Оваа станица е планирана да ги опфати населените места во полошкиот дел, урбаното место на Тетово, селата Порој, Џепчиште, Мала Речица, Голема Речица, Фалише со станица во близина на Фалише и со тоа ќе се заокружи целиот овој дел. Во иднината Министерството за животна средина и просторно планирање изготвува проекти за филтер станици и во населените места во планинскиот дел и со тоа ќе се заокружи целиот концепт на пречистителни станици во Општина Тетово“, рече Хисен Џемаили. директор на Управата за животна средина при Министерството за животна средина

Фекалиите и водата од фабриките завршуваат во тетовските реки, филтер-станицата никако да почне да се гради

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот