ЕК: Земјите кои ќе влезат во ЕУ да не ги носат предизвиците од нерешените билатерални спорови

epa10360660 A European flag flies in front of the European Commission headquarters in Brussels, Belgium

Европската Комисија денеска го усвои документот за реформи кој меѓудругото предвидува и, земјите кои ќе влезат во Европска Унија да не ги носат нерешените билатерални спорови внатре во Унијата.

Во овој документ исто така се наведува дека проширувањето е во стратешки интерес на самата ЕУ и се наведува дека процесот на проширување треба да биде вклучен во дизајнот на следната повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ.

„Постепената интеграција стана важен елемент во подготовката на земјите за проширување долго пред пристапувањето, а исто така се предлага преминување од едногласно кон мнозинско одлучување во рамките на ЕУ во некои клучни области, вклучително и проширувањето, со одредени гаранции дека ќе ги заштити „стратешките национални“ интереси на земјите-членки“ – стои во документот на ЕК.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот