ЕК објави нов предлог за борбата против хакерските напади

Фото: ЕПА

Европска комисија објави предлог Акт за кибербезбедност, според кој производителите на паметни апарати мораат да внимаваат на отпорноста на апаратите од кибернапади.

Според предлогот, производителите на паметни уреди поврзани на интернет, како што се лаптопи, телефони, апарати за домаќинство, уреди за виртуелна помош, автомобили, играчки, ќе треба да извршат анализа на ризик од кибернапад и да ги отстранат слабостите.

Актот за кибербезбедност наложува производите со дигитални елементи да можат да бидат достапни на пазарот само ако ги исполнуваат специфичните барања за кибербезбедност. За компаниите кои нема да го почитуваат Актот предвидени се парични казни до 15 милиони евра или 2,5 отсто од нивниот промет.

Според ЕК секои 11 секунди една организација во светот е предмет на напад со откуп, а глобалната штета предизвикана од киберкриминалот во 2021 година се проценува на 5,5 трилиони евра. Годишниот трошок за повреда на податоците изнесува најмалку 10 милијарди евра, додека годишната штета предизвикана од злонамерните обиди за нарушување на интернет сообраќајот се проценува на најмалку 65 милијарди евра.

Со новите правила, одговорноста ќе се префрли на производителите, бидејќи тие ќе треба да се грижат производите со дигитални елементи што се достапни на пазарот во ЕУ да се усогласат со барањата за безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот