Едно дете оперирано, ампутирана ногата на возачот

фото МИА

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати, пренесе Бета.

„Ги посетивме сите деца и возрасни и разговаравме со нив. Едно дете беше оперирано, како и возачот кому му е ампутирана ногата”, изјави Лончар за Радио телевизија Србија.

Лончар, кој со колега од Бугарија ги посети повредените во болницата во градот Стара Загора, изјави дека разговарал со деца и возрасните и дека оперираното дете се чувствува добро.

„Едно дете има повреди на главата и ќе биде префрлено во Софија на понатамошно лекување, каде најверојатно детето ќе биде префрлено и оперирано”, нагласи Лончар.

Тој најави дека превозот на децата кои се добро ќе биде организиран.

Лончар им се заблагодари на сите што се вклучија во Бугарија за да бидат соодветно згрижени децата и возрасните од Србија по несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот