Еден мртов во пукање во ресторан во Даблин

Ирска полиција / Фото Архива

Еден маж загина, а друг е тешко повреден по пукање во ресторан во Даблин. Од полицијата велат дека убиеното момче имало околу 20 години, пренесува Би-Би-Си.

Нападот се случил во ресторанот Браун на главната улица во Бланчардстаун околу 20 часот по локално време.

Двајцата мажи биле префрлени во болница, каде едниот од нив бил прогласен за мртов. Се уште не е потврдено дали бил застрелан или не.

Вториот маж, во неговите 40-ти, се лекува од прострелни рани и е во тешка состојба, соопшти ирската полиција.

Полицијата започна истрага за да се расчисти случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот