Еден клуб испадна од трката за Давид Алаба
Австрискиот репрезентативец Давид Алаба ќе биде најбараниот слободен играч во 2021 година.
Алаба по завршување на сезоната ќе го напушти актуелниот европски шампион Баерн Минхен, откако преговорите за нов договор пропаднаа поради преголемите барања на фудбалерот.
Алаба прв бараше годишна плата од 25 милиони евра, потоа сакаше да се израмни со Роберт Левандовски на листата на најдоброплатени играчи кај баварците (20 милиони евра), додека Баерн не сакаше да слушне за тоа и му понуди 11 милиони евра плус пет милиони во лесно остварливи бонуси, но тој не го прифати тоа и од јуни идната година ќе биде слободен играч.
Прекинот на преговорите ги алармира европските гиганти кои ја започнаа трката за неговиот потпис и од 1. јануари ќе имаат право да преговараат со неговите агенти.
Но, еден клуб уште сега се откажа од трката, тоа е англискиот Манчестер јунајтед бидејќи Алаба не сака да игра на позицијата стопер бидејќи менаџерот Оле Гунар Солскјер не може да му вети на австрискиот репрезентативец дека ќе игра на левата бековска позиција која моментно ја покриваат Алес Телјеш и Лук Шо.
Затоа „Билд“ кој ретко греши кога станува збор за информации поврзани со Баерн Минхен, денеска пишува дека Манчестер сити е последниот клуб кој влезе во трката за потписот со Алаба.
Покрај „граѓаните“ сериозен интерес пројавуваат уште и Јувентус и ПСЖ, додека Интер не може да му даде плата од најмалку 15 милиони евра по сезона, но Алаба се надева на повик од шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона кои исто така се заинтересирани за неговите услуги.