ДЗСИ: 11 лица незаконски вршеле здравствена дејност на Клиниката за Токсикологија

Инспектори утврдиле дека 11 лица незаконски вршеле здравствена дејност на Клиниката за Токсикологија, дел од нив биле и без соодветно образование. По пријава на вработени во клиниката, беше извршен вонредниот инспекциски надзор од страна на ДСЗИ.

„Издадено е решение да се преземат следните мерки. Здравствени услуги на Клиниката да се укажуваат од страна на здравствени работници, соработници кои имаат важечки договори, здравствени услуги да се укажуваат од здравствени работници кои имаат соодветно образование согласно закон. Медицинскиот и организацискиот директор да ги извршуваат непречено обврските од самостојна, а особено заедничка надлежност, изјави д-р Рената Младеновска, директор на ДСЗИ.

Клиниката има рок од пет дена да ги преземе наведените мерки.

Скандалот на Клиниката за Токсикологија изби откако вработени се пожалија на непрофесионалното работење на економската директорка, Бесија Иљази и обвинија дека го саботира вработувањето на стручен кадар, а фаворизира враќање на работа на лица со истечени договори на дело, поради што и токсиколошката лабораторија два месеци не вршела валидација на издадените резултати за пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот