ДЗР: Исплатени скоро 600.000 евра за камати и прекувремена работа во Министерството за земјоделство

ДЗР/ Фото: Архива Слободен печат

Слабости во ИТ системот, недонесени основни плански документи, реализирани само 12,6 отсто од Програмата за фитосанитарна политика се само дел од забелешките на Државниот завод за ревизија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за работењето во 2021 година. Ревизорите имаат забелешка и во процесите на набавка на контролни маркици за брашното, но забележале и неправилности во испратниците за исечено дрво.

ДЗР вели дека има прашања кои имаат неизвесен одговор. Едно од нив е како ќе завршат 124 судски постапки во кои Министерството за земјоделство е тужена страна и во кои се бара наплата на скоро 7 милиони евра оштета.

– Слабости во ИТ системот, невоспоставени регистри и интегриран информативен систем, неефикасност во издавање под закуп на земјоделско земјиште се само дел од проблемите кои ги лоцирале ревизорите.

Во извештајот стои дека основните плански документи не се донесени, нема контрола и нема катастар на шуми. Исто така нема реализација на капиталните проекти за изградба на водостопанската инфраструктура и таа не е согласно договорената динамика и вредност.

– Евиденцијата на средствата и обврските е нецелосна и несоодветна и не е извршено усогласување на фактичката состојба. Исплатени се 1,2 милиони евра за извршни решенија од кои 51 отсто за камати и трошоци и повеќе работни часови од одобрените додатоци за плата, стои во извештајот на Државната ревизија.

Според ревизорите има неусогласеност на потребните вработувања во Планот за вработување во министерството, а реализирани се само 12,6 отсто од Програмата за фитосанитарна политика за 2021 година. Има проблеми и во процесот на набавка и издавање на контролни марки за ставање во промет на брашно.

– Во издавањето на испратници за исечено дрво не е воспоставена соодветна евиденција ниту контрола, а министерството не уплатило средства во буџетот за надомест за проширена репродукција на шумите- стои во извештајот на ДЗР.

Тие препорачуваат изготвување на годишен план за вработување во согласност со реалните потреби, обезбедување на целосна реализација на предвидените активности од програмите и префрлање на погрешно уплатените средства на сметката на буџетот на државата. Според ДЗР има прашања кои имаат неизвесен одговор. Едно од нив е како ќе завршат 124 судски постапки во кои Министерството за земјоделство е тужена страна и во кои се бара наплата на скоро 7 милиони евра оштета. Ревизорите велат дека до надлежните институции има кривични пријави поради сомнежи за незаконско постапување на дел од вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот