Џозеф: Бајден да побара од Украина да го признае Косово

Фото: wallpaperflare.com

Американскиот професор кој предава на Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, Едвард Џозеф, побара од американскиот претседател Џо Бајден да ја охрабри Украина да го признае Косово. Тој преку објава на Твитер напиша дека Бајден од прва рака ја знае поновата историја на Балканот.

Тој додаде дека Бајден и неговиот тим „мора да ја охрабрат Украина да го признае Косово“. Тој побара тоа да го направат на дводневниот Самит на НАТО што ќе се одржи во Вилнус, Литванија на 11 и 12 јули, каде што ќе учествува и Бајден.

Џозеф додаде дека НАТО има и секогаш ќе ја има одговорноста за демократската стабилност на Балканот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара во рамките на овој самит да се разговара за пристапување на Украина во НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот