Џонсон обвинет за пропусти, Скотланд Јард ги „чешла“ документите

Борис Џонсон
Борис Џонсон / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот премиер Борис Џонсон е обвинет за пропусти во извештајот на високиот државен службеник Сју Греј за забавите што се организираа на Даунинг стрит за време на карантинот, јавува Би-би-си.

Полицајците од Скотланд Јард добиле повеќе од 300 фотографии и 500 страници документи и соопштија дека во моментов се истражуваат најмалку 12 настани одржани на Даунинг Стрит за време на заклучувањето, вклучително и забава во приватниот стан на премиерот Џонсон, пренесува британскиот весник. Гардијан“.

Полиција пред Даунинг Стрит/ Борис Џонсон/ Фото Колаж на СП/ ЕПА

Во долгоочекуваниот извештај на Сју Греј, објавен откако таа истражила 16 одделни собири, вклучително и три кои претходно не биле познати, се наведува дека некои настани „не требало да се случат“.

По објавувањето на извештајот, Борис Џонсон се извини, наведувајќи дека целосно ги прифаќа наодите од овој извештај.

По оваа изјава британскиот премиер се соочи со бројни критики од пратениците во бртианскиот парламент , а дел од нив побараа и негова оставка

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото EPA-EFE/UK Parliament/Jessica Taylor

Извештајот наречен „Греј“ потврдува дека лондонската полиција истражува 12 настани, кои се одржале на осум одделни датуми, поради наводно прекршување на правилата за ковид.

Меѓу нив е и настанот кој носеше име „донеси своја пијачка“ што се одржа на 20 мај 2020 година во градината на Даунинг стрит, за што премиерот се извини за неговото присуство, како и роденденската забава на премиерот одржана на 19 јуни 2020 година.

Роденденот на Борис Џонсон/ Фото ROTA / Camerapress / Profimedia

 

Сепак, полицијата го истражува и собирот од 13 ноември 2020 година во станот на Џонсон на Даунинг Стрит.

На прашањето на пратеник од Лабуристичката партија дали бил на забавата, Џонсон рече дека нема да коментира нешто што полицијата го истражува.

Во извештајот, Греј остро ја критикуваше културата меѓу високите владини функционери и персоналот на Даунинг стрит, велејќи дека некои од собирите не ги исполнуваат високите стандарди „што се очекуваа од целото британско население во тоа време“ и дека премногу малку се размислувало за тоа дека може да се појават. во јавност.

„Имаше пропусти во највиоскиот државен врв . Некои настани не требаше да се дозволат. „Не требаше да се дозволи други настани да се случуваат како што се случија “, наведува Греј во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот