Џонсон: Ковид состојбата во Британија е многу тешка, ги разгледуваме сите можности

Борис Џонсон/ Фото EPA-EFE/NEIL HALL / POOL

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ги разгледува сите можности да ја држи под контрола варијантата омикрон на коронавирусот бидејќи ситуацијата во земјата е исклучително тешка, нагласувајќи дека се потребни нови мерки, пишува Гардијан.

– Морам да и кажам на британската јавност, и тоа им го порачувам на сите, дека нема да ја исклучиме можноста за воведување нови мерки за заштита на народот, изјави Џонсон по состанокот со членовите на Владата.

Тој, исто така, истакна дека ситуацијата во земјата е „исклучително тешка”, а бројот на хоспитализирани лица заразени со коронавирусот во Лондон рапидно расте.

Коментирајќи ги шпекулациите дека владата ќе усвои мерки кои ќе го забранат дружењето во затворени простории и ќе го ограничат туризмот, Џонсон рече дека се разгледуваат сите можности со цел Омикрон да се држи под контрола, така што не се исклучува ништо”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот