Џонсон: Британија може да го намали периодот на изолација на пет дена

Борис Џонсон со заштитна маска / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI / POOL

Велика Британија постигна напредок во борбата против Омикрон варијантата на коронавирус и размислува да го намали периодот на самоизолација на пет дена, изјави британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој предупреди дека е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти.

Запрашан за можноста за намалување на периодот на самоизолација од седум на пет дена, Џонсон рече дека Владата го разгледува тоа, но дека ќе ги следи советите на научниците.

„Мораме да се погрижиме Омикронот да биде запрен. Имаме голем напредок”, рече Џонсон.

Тој, сепак, додаде дека околу 18.000 луѓе се хоспитализирани.

„Тоа е голем скок во однос на претходниот период и бројките сè уште се зголемуваат”, рече Џонсон, истакнувајќи дека можеби околу 30 отсто од хоспитализираните се заразиле во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот