Џони Ротен вели дека е невкусно да се прават пари со „God Save the Queen“ по смртта на кралицата Елизабета

Џони Ротен

Еден од основачите на британската панк група „Секс пистолс“, Џон Лајдон, попознат под името Џони Ротен, попладнево соопшти дека се оградува од користењето на песната „God Save the Queen“ во комерцијални цели, по смртта на кралицата Елизабета Втора.

„Џон Лајдон“ сака да се огради од сите активности на „Секс пистолс“ кои се насочени кон заработување пари од смртта на Кралицата Елизабета Втора. Музичарите во бендоф и нивните менаџери одобриле повеќе барања, против волјата на Џон, а врз основа на мнозинската спогодба за судска одлука. Според Џон, тајмингот за поддржување какво било барање до „Секс пистолс“ за комерцијална добивка, посебно во врска со „God Save the Queen“, е несоодветен, без вкус и изразува непочитување кон Кралицата и кон нејзиното семејство во овој момент“, напиша легендарниот панкер на социјалните мрежи.

Џони Ротен ги напиша стиховите за песната, но вели дека иако никогаш не ја поддржувал монархијата, смета дека семејството заслужува почит во ова тешко време, како што би се очекувало за секоја личност или семејство на кое им починал некој близок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот