Џејми Оливер отвора ресторан во Белград: Готвачот нуди можност да станете дел од неговиот тим

Фото: Инстаграм/„Џејмис Италијан“

Британецот Џејми Оливер, еден од најпознатите готвачи на денешницата, наскоро ќе отвори свој ресторан во Србија.

Ресторанот „Џејмис Италијан“ („Jamie’s Italian“) ќе биде отворен во населбата Белград на вода, на улицата Херцеговачка, а е дел од познатиот ланец ресторани на Џејми Оливер, наменети за љубителите на италијанската кујна.

„’Џејмис Италијан’ доаѓа во Белград и бара ентузијастички, тимски играчи кои се подготвени да ја споделат својата страст со колегите и гостите. Доколку се препознаете во овој опис и сакате да бидете дел од нешто посебно, би сакале да ве запознаеме! Организираме отворен ден за регрутирање во Белград, на 9 ноември годинава! Дојдете да го запознаете брендот ‘Џејмис Италијан’ и аплицирајте за позициите за кои сте заинтересирани. Понесете го вашето си-ви со себе“, стои меѓу другото во објавата на инстаграм-профил на новиот белградски ресторан, кој сѐ уште не знае кога ќе биде отворен.

Фото: Инстаграм/„Џејмис Италијан“

Според податоците од официјалната веб-страница на споменатиот угостителски ланец, Србија е само една од десетте земји во кои работат. Покрај него, наведени се и локациите на рестораните во Бразил, Кипар, Унгарија, Индија, Ирска, Португалија, Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Иако овој угостителски ланец доживеа деловен колапс во 2019 година, кога мораше да затвори 22 ресторани и да отпушти повеќе од илјада луѓе, познатиот готвач ја надмина ова криза и неодамна, пишуваат деловните медиуми, забележа зголемување на профитот. За тоа придонесоа неговите школи за готвење, објавувањето на нови книги со рецепти, нови договори за телевизиски емисии и национални проекти што ги реализира во соработка со училишта во Велика Британија.

ВИДЕО | Има совршен рецепт за почетници: Како Џејми Оливер меси леб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот