Џафери за кандидатурата на Таравари: Немам потреба да коментирам одлуки на политичките партии

фото: МИА, Интервју на премиерот во техничката Влада Талат Џафери

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери не чувствува потреба да коментира одлуки на политичките партии за тоа кој ќе им биде кандидат на претстојните претседателски избори.

– Не чувствувам јас потреба да коментирам одлуки на политичките партии така што непотребен би бил каков било коментар од моја страна, истакна Џафери во одговор на новинарско прашање за коментар за информацијата дека Арбен Таравари ќе биде еден од кандидатите за претседател на државата, при денешната посета на општина Липково.

На прашањето дали ДУИ ќе оди со самостоен кандидат на претстојните претседателски избори, Џафери рече дека за тоа новинарите треба да одат да прашаат во седиштето на партијата во Мала Речица.

-Ќе одите до Речица и ќе седнете да разговарате со лидерот. Јас сум премиер и ја претставувам Владата, а не Демократската унија за интеграција, посочи Џафери.

На забелешката од новинарка, која посочи дека не треба да се одржуваат промотивни настани како денешниот во градинката во Матејче откако се распишани изборите, Џафери рече дека сè уште не сме влезени во периодот кога тоа е ограничено.

– Законот забранува 20 дена од отпочнувањето на официјалната кампања така што сè уште не сме во тие 20 дена пред отпочнувањето на официјалната кампања. Претседателските избори се закажани за 24 април што значи дека некаде на 4 април почнува официјалната кампањата и фактички не сме во тие 20 дена пред тоа, појасни Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот