„Тоа е, такви се бројките“: Џафери вели дека во моментов нема мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот

Талат Џафери во Собранието / Фото: „Слободен Печат“/Драган Митрески

Претседателот на Собранието Талат Џафери, кој денеска и во својство на пратеник од гостиварскиот регион беше дел од мобилниот парламентарен карван „Собрание за граѓаните“, изјави дека поради интересот за продолжување на евроинтеграциските процеси сите пратеници и политички субјекти во Собранието треба на уставните амандмани да гледаат како на нешто што е од особен интерес на државата и за граѓаните.

Тој рече дека партиите декларативно не се против една или повеќе етнички заедници да бидат вклучени во Уставот.

– Во моментов не може да кажеме дека имаме доволен број на пратеници за да се отвори Уставот со цел внесување на бугарската етничка заедница, тоа е, такви се бројките, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој ги повика партиите во парламентот, со оглед на тоа што декларативно се за членство на земјава во ЕУ, пред сѐ да работат за интересите на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот