Џафери го честита празникот Свети Сава

Талат Џафери
Талат Џафери / Фото: МИА

Претседателот на Собранието, Талат Џафери по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија.

– Честитки до сите граѓани припадници на српската заедница со желби за убав празничен ден, поминат во мирот и спокојот што го нуди семејниот дом исполнет со блиски и драги луѓе. За жал, сè уште над сите нас виси опасноста од пандемијата со КОВИД-19, на која се надоврзуваат и очекуваната економска и енергетска криза, што е само уште еден мотив повеќе да се сплотиме и да споделуваме и добро и лошо, и кога сме успешни и кога сме поразени, се вели во честитката.

Џафери верува дека државата како заеднички, топол и безбеден дом е земја во која најдобро се изразуваат посебностите, сепак обединети во една единствена целина во која секоја заедница е вреден дел кој на несебичен начин придонесува со тоа што најдобро може.

Во случајот со Северна Македонија, тој додава дека тоа е заемната почит, разбирање и обединување околу најважната заедничка цел – напредна и успешна држава, безбеден и атрактивен дом за идните генерации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот