Џабир Дерала: Кутриот Мицкоски

Џабир Дерала
Џабир Дерала / Фото: Скриншот, ЦИВИЛ медиа

„Во две минути од интервјуто на Христијан Мицкоски за ТВ21 се откриваат сите негови политички, но и лични фрустрации. Неверојатно! Во државата има структури што не сакаат чесност, визија и работа, а сакаат да го тргнат него, да го нема, „по можност и физички“. И се пожали од закани. И дека нема обезбедување од државата…“, пишува Џабир Дерала од Цивил во текст објавен како реакција на последното интервју на лидерот на опозицијата.

„Никогаш не објасни ништо пред јавноста, ниту за своето минато кога одеднаш се стекна со хидроцентрали, ниту кога наводно ги продаде. Не одговори на ниту едно прашање, а ја држеше партијата во тотална изолација за време на сите клучни процеси од падот на режимот наваму. Неговата партија ревносно ги кочеше и сѐ уште ги кочи сите важни процеси во парламентот, а особено беше успешна во кочењето на правосудните реформи и законот за Јавно обвинителство. Јавно не искажа ниту еден став за било кое значајно прашање за земјата, за регионот или за светот. Ниту еднаш, откако го поставија на тронот на партијата. А секаде се појави како кочничар, иако и тоа гледаше да не го направи премногу јавно. Затоа ли треба да му платат граѓанките и граѓаните полициско обезбедување на Мицкоски? Покрај партиското кое го има во секој момент? Од партијата што се финансира од буџетот на Северна Македонија и од кој знае колку други места?“, пишува Дерала.

„Ако навистина има говор на омраза против него, тоа е за осуда и мора да запре. Како што и тој може еднаш, барем еднаш (!), да го осуди говорот на омразата во кој се повикува на истребување на цели етнички заедници. Може барем еднаш (!) да ги повика партиските милитанти да престанат со гнасни навреди, омраза и повици за егзекуција на политичари, новинари, интелектуалци, уметници, јавни личности… Ама како? Па тие се дел од партијата! Тоа се ботовите и троловите кои се ухлебени во партијата, но и во државната администрација, општините, полицијата, армијата, школите… Како ним да им каже дека треба да престанат?“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот