Движење за демократија, права и слобода – нова партија на политичката сцена

Движење за демократија, права и слобода (ДПС) е нова политичка партија што беше основана пред неколку дена. Основачкото собрание се одржа во Битола, а за претседател на ДПС е избран долгогодишниот борец за човекови права и граѓански активист Един Јакуповиќ.

Во краткото обраќање на основачкото собрание Јакуповиќ изјавил дека тимот со кој ќе ја води партијата е составен од многу млади, но и веќе докажани соработници и активисти кои долго време заедно со него ја водеа битката за демократија, права и слободи во општеството.

Во членството на ДПС има нови луѓе без претходен каков било политички багаж, лица кои се професионалци во своите области и кои заедно ќе се залагаат за вреднување на демократските принципи и начела.

Во текот на наредната недела ДПС ќе има и редовна седница на централниот одбор за избор на претседателство и други партиски раководства на ДПС.

Политичката партија ДПС, како што стои во соопштението, е нова граѓанска опција во Република Северна Македонија, а дел од програмската рамка се следните цели:

● развој и просперитет на независна и суверена Република Северна Македонија.

● членство во ЕУ и други стратешки цели за Република Северна Македонија.

● градење на граѓанско, демократско, плуралистичко општество, во кое ќе сe почитуваат човековите права и ќе владее правото и правната држава.

● почитување на културата и специфичностите на граѓаните, нивните еднакви права и одговорности.

● почитување на верските слободи и правото на слободен избор на вероисповест.

● рамноправност меѓу половите и заедниците.

● Решавање на егзистенционалните потреби на граѓаните: вработување, здравствена заштита, образование, социјална заштита и слично.

● вградување на светските стандарди за лица со посебни потреби.

● еднаквост и правилен социјален поредок во сите општествени сфери.

● создавање општество на благосостојба како долгорочна цел.

● заштита на животната средина во согласност со меѓународните документи.

● градење на општество на слободни луѓе, пазарна економија и демократски институции без корупција.

● градење на пријателство и добрососедски односи со сите соседни држави.

● слобода на говорот и мислата.

● заштита на правата на медиумите.

● заштита од дискриминација на секаков тип на ранлива категорија на организации и граѓани.

● поддршка и соработка со НВО секторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот