
Двејн „The Rock“ Џонсон со уште еден прекрасен гест: Повторно ја изненади својата мајка со неверојатен подарок
Двејн „The Rock“ Џонсон е нашироко признат како прилично добар дечко, и тоа уште еднаш им го докажа на сите свои обожаватели. Божиќ е период за давање, а Двејн одлучи да ја изненади мајка си на најубав можен начин.
Препорачано
Откако пред само еден месец Двејн беше прогласен за „People’s Champion“, а и го подари својот сопствен автомобил на еден од фановите на премиерата на неговиот последен филм, тој повторно ја потврди својата големина како човек (не само физичка) со неверојатен гест кој најважниот член на неговото семејство!
Во видеото поставено на својот инстаграм-профил Џонсон го прикажа моментот на разоткривање на подарокот кој го приреди за мајка си за Божиќ оваа година – што е сосема нов автомобил.

Мајката на Двејн, 73-годишната Ата, очигледно беше изненадена од прекрасниот гест, веднаш го прегрна својот син пред воопшто да го разгледа или влезе во автомобилот.
Поранешниот шампион на „WWE“ купи сосема нов бел „Cadillac CT5“ за својата мајка, чија цена започнува од само 30.000 фунти.
„Многу сум благодарен што можам да правам вакви нешта за мојата мајка, која имала неверојатен живот. Не земам ништо здраво за готово. А не зема ни таа“, напиша Двејн под видео објавата.
View this post on Instagram
Холивудската мегаѕвезда истакна дека неговата мајка „била шокирана“ од целата работа, па дури и успеала да извлече „неколку добри грди исплакувања“. На видеото се гледа и внукот на Ата, па дури и кучето на Рок, кои ѝ го честитаа Божиќ, што само го направи клипот уште потопол.
Ова не е првпат The Rock да се заблагодари на својата мајка за време на празничната сезона. Во 2018 година, Рок ја изненади својата мајка со сосема нова куќа за Божиќ.
49-годишникот призна колку е среќен што може да прави вакви работи, но објасни дека неговата мајка „заслужува многу повеќе“:
„Среќен Божиќ мајко, уживај во новото возење! И плочите на Елвис. Ние те сакаме. Заслужуваш многу повеќе. ДЏ.”