Две понуди за Погба, земи или остави!

twitter.com/Realmadridplace

„Црвените ѓаволи“ немаат намера така лесно да се ослободат од услугите на својот играч за помалку од 200 милиони евра.

Реал Мадрид и Јуве очекуваат од агентот Рајола, но и од самиот Погба да го „олеснат“ трансферот, бидејќи Јунајтед нема да попушти и се поставува прашањето каков би можел да биде расплетот..

Тимот од „Олд Трафорд“ се очекува да ги обезбеди Мегвајер и Бруно Фернандеш за нешто повеќе од 150 милиони евра, но не мора да го продаде Погба.

Доколку пак Французинот евентуално побара трансфер, тогаш самиот процес би бил уште потежок. „Кралевите“ се надеваат дека ќе го ангажираат со плата слична со онаа на Бејл, околу 15 милиони евра.

Италијанскиот шампион не може толку да плати, освен евентуално низ спонзорски договори, но има и опција која може да ја искористи, а тоа е Дибала кој се наоѓа на „мета“ на Јунајтед.

Јуве би платил околу 90 милиони, би го испратил Аргентинецот на „Олд Трафорд“ и така би добил огромно засилување.

Погба не би имал ништо против да се врати во клубот, тука нема неизвесност, едноставно навивачите и соиграчите го обожаваат.

Се е во рацете на Јунајтед, доколку нема трансфер во наредните 10 дена, тешко ќе видиме промена до крајот на август, иако Реал најавува дека до крајот на летото ќе се обиде да го ангажира светскиот шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот