Две мајстории во Лајпциг, Батшуаји за радост на Челзи! (ВИДЕО)

twitter.com/ChampionsLeague

Денеска се одиграа првите два натпревари од третото коло во Лигата на шампионите, Челзи славеше на гостувањето кај Ајакс, додека Лајпциг со пресврт го совлада Зенит.

Во рамките од групата „Х“ екипата на Челзи го совлада досега непоразениот Ајакс на „Јохан Кројф“ Арената во Амстердам со 0:1.

Лондонските „сини“ дојдоа до три важни бода благодарение на погодокот на белгискиот репрезентативец Миши Батшуаји во 86. минута од средбата од непосредна близина после асистенцијата на Кристиан Пулишиќ.

Во групата „Г“ Лајпциг ја забележа втората победа на домашен терен против Зенит (2:1). После првото полувреме водеше рускиот претставник со прекрасниот погодокот од околу 20 метри на Ракитски.

Во вториот дел Германците го направија пресвртот, една убава акција која со гол ја круниса Лајмер, а асистентот на тој гол, Сабицер во 59. минута го постави конечниот епилог со уште подобар погодок за голема радост на трибините на „Ред Бул“ Арената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот