Две Јапонки влегоа во Гинис како најстари живи близначки во светот

Најстарите близначки во светот / Фото: guinnessworldrecords.com

Две Јапонки влегоа во Гинисовата книга на рекорди како најстарите живи близначки во светот.

Сестрите Умено Сумијама и Куме Кодама имаат 107 години и 330 дена. Соопштението беше објавено на Денот на почит кон старите лица, кој е национален празник во Јапонија.

Родени се на островот Шодошима на 5 ноември 1913 година, како трето и четврто од 11 деца.

На 1 септември тие го соборија рекордот што го држеа јапонските близначки Кин Нарита и Џин Кание на 107 години и 175 дена.

Околу 29 проценти од јапонското население има над 65 години.

По завршувањето на основното училиште, сестрите се разделија бидејќи Кодама беше испратена да работи на островот Кјушу, додека сестрата остана на островот каде што се родени. Ретко се гледаа до 70 -годишна возраст.

Извор: ABC News

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот