Двајца убиени и петмина ранети во пукање во Вашингтон

Две лица се убиени, а пет се ранети во оружен инцидент што се случи денеска во Вашингтон, соопшти полицијата. Си-Ен-Ен јави дека пукањето било пријавено околу 3 часот по полноќ по локално време, во близина на рекреативниот центар Кенеди.

Засега нама информации кој отворил оган и што довело до пукањето, кое се случило на десетина блокови североисточно од Белата куќа.

Жртвите и повредените, сите возрасни, се пренесени во локалните болници, изјави помошник началникот на Метрополитен полицијата Џефри Керол.

– Ги замолуваме сите кои можеби имаат каква било информација поврзана со овој инцидент или биле сведоци, да се обратат до Метрополитен полицискиот оддел – рече Керол.

Претходно, полиција објави на социјалната мрежа X  дека инспекторите бараат „црнец, со просечна градба, облечен во светли панталони и сина маица“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот