Двајца Турци илегално влегле во Македонија, полицијата ги приведе

Фото: Архива

Двајца Турци илегално влегле во Македонија при што вчера биле приведени во близина на Транзитниот центар Табановце.

„На 07.02.2024 во 16.00 часот во близина на Транзитниот центар Табановце, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот ги привеле А.Ф.(24) и У.Х.(21), двајцата од Република Турција. По извршени проверки и службен разговор со нив било констатирано дека илегално влегле во државата“, информираат од МВР.

Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот