ДУИ: Стоп на насилните антиевропски протести

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Синоќешните слики на насилство, напаѓајќи ги институциите и органите на редот, јасно покажуваат дека организаторите и поддржувачите на насилните протести продолжуваат да негуваат деструктивни антиевропски цели, служејќи на тој начин на проруските политики за дестабилизација на земјата и регионот, велат од политичката партија Демократска унија за интеграција.

„Демократската унија за интеграција најостро ги осудува обидите за дестабилизација на државата, поделеноста меѓу граѓаните со цел создавање на нови тензии, затоа итно бара од сите политички чинители, граѓаните и целото граѓанско општество да престанат и итно да се осудат насилните антиевропски протести.

Токму во периодот кога државата го заокружува патот за да ја постигне тридецениската цел, ВМРО ДПМНЕ и Левица треба да седнат и да разговараат за овие добронамерни процеси, а не да организираат насилни протести, да шират лажни вести и да размислуваат црни сценарија за да ги исплашат граѓаните.

После долги години чекање, конечно ја имаме можноста што ја заслуживме да ги започнеме преговорите за членство во Европската Унија и пред нас го имаме предлогот кој е во согласност со Резолуцијата на нашето собрание и го гарантира идентитетот, јазикот и културата на нашите сограѓани македонци.

Демократската унија за интеграција, заедно со граѓаните, уште еднаш уверува дека нема да дозволи сили со проруско убедување да користат насилство врз институциите и да ја загрозат иднината на државата.

Ние сме земја членка на НАТО и ќе го продолжиме европскиот пат, друга алтернатива нема“, стои во нивното соопштение.

ГАЛЕРИЈА: Фотографии од вечерашниот протест пред Собранието и Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот