ДУИ ги потврди носителите на листите за пратеници

Генералното собрание на Демократската унија за интеграција денеска во Тетово го одржа шестиот состанок на кој се расправаше за Европскиот фронт, претседателските избори и утврдување на кандидатските листи за пратеници. Претседателот Али Ахмети ги информираше членовите на Генералното собрание на ДУИ за формирањето на Европскиот фронт и заедничката програма на коалицијата за евроинтеграции и спречување на руските влијанија во нашата земја и регионот.

 

Уставните измени, евроинтеграцијата, добрососедството, бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупција, економскиот рамковен договор…се столбовите врз кои ќе се заснова заедничката програма на коалицијата „Европски фронт“, информираат од ДУИ.

Воедно, генералниот совет на ДУИ  ги утврди носителите на листите за шесте изборни единици. Во единицата, носител на листата е актуелниот градоначалник на Општината Сарај и поранешен член на „Огнената група“, Блерим Беџети, во изборната единица два, носител е поранешниот градоначалник на Липково Садула Дураку, кој воедно во два наврати беше министер – еднаш за земјоделство во периодот од 2004 до 2006 година, и за животна средина од 2017 до 2019 година.

Во третата изборна единица, носител е Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија, а во четвртата, носител е Енвер Хусеин од Демократската партија на Турците на Македонија.

Во петтата изборна единица, прв на избирачкото ливче ќе биде Зијадин Села од Алијанса за Албанците, поранешен градоначалник на Струга и главен ривал на ДУИ од претходните парламентарни избори.

Во шестата изборна единица, очекувано, носител на листата е претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

 Генералното собрание на Демократската унија за интеграција ги повикува сите членови на ДУИ и сите граѓани да го поддржат „Европскиот фронт“ и нашата кандидатура за претседателските избори Бујар Османи, се наведува во соопштението на ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот