Дуда најави помилување на двајцата уапсени опозициски политичари

Полскиот претседател Анджеј Дуда / Фото EPA-EFE/Andrzej Lange POLAND OUT

Полскиот конзервативен претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека ќе започне постапка за помилување на двајца популистички политичари, поранешниот министер за внатрешни работи и неговиот заменик, кои беа осудени на две години затвор и оваа недела беа приведени.

Тој случај е последен во серијата конфликти меѓу новата полска проевропска власт и популистичката партија ПиС, која ја загуби власта на минатогодишните избори.

Двете страни разменуваат обвинувања за кршење на владеењето на правото. „Одлучив …. започнете ја постапката за помилување“, изјави Дуда по средбата со нивните сопруги, оценувајќи дека тие се „политички затвореници“.

Полската полиција завчера во претседателската палата ги уапси поранешниот министер за внатрешни работи Мариуш Камински и неговиот заменик Мациеј Васик.

Дуда најави и дека ќе побара од државниот јавен обвинител веднаш да ги ослободи Камински и Васик кои вчера почнаа штрајк со глад.

„Се надеваме дека нашите сопрузи ќе се вратат дома денес“, им рече на новинарите сопругата на Васик, Ромуалда.

Во декември, полскиот суд ги осуди Камински и Васик на две години затвор по жалбена постапка поради пречекорување на овластувањата во случај од 2007 година.

Дуда веќе го помилува Камински во 2015 година. Адвокатите се прашуваа дали Дуда може да го помилува пред Апелациониот суд да донесе конечна пресуда.

Врховниот суд минатата година донесе одлука случајот повторно да се отвори, а во декември Апелацискиот суд донесе одлука.

Според полските медиуми, тие биле обвинети во корупциски случај поврзан со пренамена на земјоделско во градежно земјиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот