Драма во Сплит: Се шетал маж со експлозив во рака, специјалци ја блокирале улицата

Хрватска полиција
Хрватска полиција/ Фото: ЕПА

Полицијата и специјалната единица во Сплит ја блокираа станбената зграда на улицата Сукоишанска поради пријава околу 9:30 часот дека е забележан постар жител како оди со експлозивна направа во раката.На соседите им рекол дека се работи за бомба, поради што се јавиле во полиција. Тој дел од улицата превентивно беше опколен и полицијата започна со интервенција.

Во моментот кога специјалната и интервентната полициска единица планирала да упадне во станот на осомничениот, вратата ја отворило друго лице во станот.

Осомничениот е приведен на дополнително распит, со што ќе се утврди за што точно се работи.Според последните информации се претресува станот, а полицијата досега пронашла бомба, но нема експлозивно полнење. Тие ја продолжија потрагата за да утврдат дали има уште оружје или експлозив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот