Драма во Париз: Полициска станица затворена поради наезда на болви

Полициски службеник / Фото: Архива

Една полициска станица во североисточен Париз е затворена поради наезда на болви или стеници.

Болвите ги напаѓале полицајците и останатите службеници, соопштил денеска синдикатот на полицијата кој ги критикувал неприфатливите услови за работа.

– Веќе неколку дена службениците во полициската станица во 19. арондисман се жртви на наезда на болви кои ја попречуваат нивната работа – се наведува во соопштението.

Синдикатот додал дека неколку службеници побарале лекарска помош поради каснувања, наведувајќи дека сè уште се утврдува дали се работи за болви или стеници, или за двата инсекти.

Полицискиот синдикат навел дека таквата ситуација трае неколку недели и покрај доаѓањето на три претпријатија кои спровеле дезинфекција на делови од станицата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот