Драма над Црното Море: „За влакно“ избегнат судир меѓу руски и европски авион

Авиони/Фото: EPA/FRANCO LANNINO ANSA

Авион на полската гранична служба, кој патролирал за граничната агенција на ЕУ Фронтекс, за влакно избегнал судир со руски борбен авион над Црното Море.

Инцидентот се случил на 7 мај, пишуваат полските медиуми.

Затоа Полска денеска го покани на разговор рускиот амбасадор во Варшава, Сергеј Андреев, изјави портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Лукаш Јасина.

Јасина на Твитер напиша дека Полска најостро го осудува, како што наведе, „провокативното и агресивно однесување на руската страна, што претставува сериозен меѓународен инцидент“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот