Дождот и силниот ветер ги блокираа патиштата ширум земјава

Сообраќајот на регионалниот пат Р1105 во правец Валандово – с.Удово, кај месноста Калковска река атар на с. Јосифово, од 4:30 часот е во прекин поради поголема количина на вода и песок на коловозот, соопшти АМСМ.

Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Р-1401 Валандово – с. Марвинци и магистралниот пат А1 с. Удово – с. Марвинци.

Дождот проследен со силен ветар предизвика исто така проблеми на неколку патни правци во делчевскиот регион.  Возачи јавуваат за паднато дрво на регионалниот пат Делчево – Бигла – Виница, поради што апелираат на внимателно возење.
-На овој патен правец на подделни делници, освен на дрвјата треба да се внимава и на влажниот коловоз кој е доста воден и бара претпазливост во возењето, велат возачи.
Освен на овој патен правец, дождот проследен со ветар предизвика и одрони на патниот правец Делчево – Кочани, каде според информации на ,,Македонија пат” екипи од утрово се на терен и прават редовна обиколка и чистење на одроните.
Врнежите проследени со силен ветар и грмотевици во Пијанечкиот регион, започнаа во доцните вечерни часови и засега не предизвикаа поголеми проблеми во останатиот дел од овој регион. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот