Донесени повеќе закони во Собрание, меѓу нив и Законот за заштита на личните податоци

Фото: МИА

Седницата е во тек, говори собранискиот спикер Талат Џафери, по повод неговиот предлог за распуштање на Собранието. 

По барање на СДСМ и ДУИ, Собранието попладнево пред да се распушти, го донесе и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На оваа седница не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен овој закон, беа донесени и Законот за управување со предметите во судовите и Законот за заштита на лични податоци и Законот за инспекторатот за употреба на јазиците, како и Законот за урбано зеленило.

По оваа седница, треба да се премине на седницата на чиј дневен ред е распуштање на Собранието.

Седницата е во тек, говори собранискиот спикер Талат Џафери, по повод неговиот предлог за распуштање на Собранието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот