Доналд Гловер и Фиби Волер-Бриџ ќе бидат новите „Господин и госпоѓа Смит“

Instagram

Помеѓу преработките на „Sex and the City“, „Winx Club“, „Gossip Girl“ и мноштво други, генералниот тренд во моментот се чини дека се наклонува кон „римејк“.

Фиби Волер-Бриџ и Доналд Гловер ќе глумат во серијата „Mr & Mrs Smith“ базирана на истоимениот филм од 2005 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mr. & Mrs. Smith (@mrand_mrssmith)

Двојката ќе создаде и ќе глуми во серијата на „Amazon“, која ќе биде своевиден „римејк“ на филмот „Mr & Mrs Smith“ во која глумеа Бред Пит и Анџелина Џоли.

Валер-Бриџ и Гловер покрај тоа што ќе ги толкуваат главните улоги, ќе се појават и како извршни продуценти, а Франческа Слоун ќе биде задолжена за режијата. Серијата е предвидена да излезе следната година.

Ова е тимот од соништата! Доналд и Фиби се едни од најталентираните креатори и актери во светот“, вели Џенифер Селки, шеф на „Amazon Studios“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cultura Cinéfilo (@culturacinefilo)

За нас, навистина е сон, како што ќе биде и за нашата глобална публика, да соработуваме со двајцата кои се навистина моќен тим. „Mr & Mrs Smit“ е иконска сопственост и едвај чекаме да видиме како Доналд, Фиби и Франческа ќе го направат по свое“, додава таа.

Извршните продуценти Јарив Милчан и Мајкл Шефер во заедничка изјава рекоа дека ја имаат честа и задоволството да соработуваат со неверојатно талентираниот Доналд Гловер и веќе разговараат за други проекти кои треб да ги направат заедно.

Додавањето на Фиби и нејзината компанија „Weels Street Films“ како соработник и ко-ѕвезда го издигнува на сосема друго ниво и го прави проектот достон за ресоздавање како за новата публика така и за обожавателите на оригиналниот филм“, велат продуцентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот