Доминација на Ред Бул во квалификациите за трката во Јапонија

Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Светскиот шампион Макс Ферстапен ќе стартува од првата позиција на утрешната трка во Јапонија на патеката „Сузука“. Холанѓанецот беше најдобар на денешните квалификациите.

За Ферстапен ова ќе биде 36-та трка во кариерата која ќе ја стартува од најдоброто стартно место. Неговиот тимски колега, Серхио Перез се погрижи успехот на Ред Бул да биде комплетен, па тој ќе стартува како втор.

Трето стартно место обезбеди Ландо Норис од Мекларен кој заостануваше скоро три десетинки, а до него ќе започне Карлос Саинц од редовите на Ферари. Во топ 10 завршија уште: Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Оскар Пјастри (Мекларен), Луис Хамилктон (Мерцедес), Шарл Леклер (Ферари), Џорџ Расел (Мерцедес) и домашниот натпреварувач Јуки Цунода (Хонда).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот