Документарецот за кариерата на Дарко Панчев ќе се емитува утре на „Спортклуб“

Фото: Архива

Документарниот филм за македонската фудбалска легенда Дарко Панчев „Патот на Кобра до ѕвездите“ утре од 21:05 часот на  „Спортклуб 1“ ќе ја има преимерата пред македонската јавност.

Документарецот за Дарко Панчев е заедничка изработка на „Спортклуб“, Спортнетворк“ и „Спортското радио 90.3“. Документарецот го носи името „Патот на Кобра до ѕвездите“, на кој Панчев гледа како круна на кариерата.

„Постигнав многу голови во кариерата, а еден голгетер според мене не треба да гледа кој гол е убав, треба да ги има што повеќе. Секој гол кој што сум го постигнал миу е драг. Документарец се прави само ако имате што да прикажате и кажете во него. Исто така во изработка е и моја автобиографска книга – изјави Панчев на промоцијата пред девет месеци.

Инаку филмот пред девет месеци ја имаше промоцијата во хотелот „Александар Палас“ и на оваа церемонија присуствуваа бројни познати фудбалски имиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот