Добрососедските односи носат економски раст и заеднички одговор на кризата

Самит Отворен Балкан во Белград/Фото: Влада на РСМ

Некој вели дека Отворен Балкан е свртување од патот кон ЕУ, напротив ова е јакнење на регионот. Ќе обезбедиме храна за нашите земји за претстојната зима, и ќе обезбедиме електрична енергија, рече премиерот Ковачевски

Зелен коридор, намалено време за транспорт, зголемена трговска размена, соработка за обезбедубање на храна во време кога земјите го забрануваат извозот и заеднички план за излез од енергетската криаза се придобивките на Отворен Балкан кои се веќе видливи, беше кажано на Самитот Отворен Балкан, каде што поздравни обраќања имаа премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека ова собирање и заедничката работа на трите земји е е нашиот пат за пребродување на зимата од која се плаши цела Еропа.

– Изградивме пријателски односи меѓу соседите. Некој вели дека Отворен Балкан е свртување од патот кон ЕУ, напротив ова е јакнење на регионот. Ќе обезбедиме храна за нашите земји за претстојнаната зима, и ќе обезбедиме електрична енергија. Како што добрите соседи прават, ќе си помагаме меѓу себе. Во врска со обебедувањето на пченица, брашно, пченка, сол – нашите влади покренаа и фондови за интервенции и ќе бидеме фокусирани на оваа цел. Нашата Влада прави се за да се искористат сите енергетски капацитети.  Но, добро  е што зборуваме за соработка во енергетиката – за соларни паркови, за ветерници, а ќе се  подобрат и условите за прекугранична соработка за пренос на електрична енергија- рече Ковачевски.

Српскиот претседател Вучиќ  потенцираше дека за 8 месеци Отворен Балкан покажал во пракса значителен раст на трговската размена.

– Сега сите сме соочени со тешка ситуација, но важно е да си помогнеме да си ја олесниме таа тешка ситиација. А, колку сме поврзани едно со други,  покажува фактот колку често се гледаме независно дали тоа е Отворен Балкан или не. Соработката меѓу нашите три земји е на историско највисоко ниво. Се сеќавам кога 70 години по средбата на Тито со  Енвер Хоџа се сретанавме јас и Рама. Имаше тука и негативна енергија, а сега сме две пријателски земји. Имаме најдобри односи меѓу Белград и Скопје, немаме ниту едно отворено прашање – потенцираше Вучиќ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама, рече дека  му е мило што гледа знаци дека се повеќе земји сакаат да бидат поканети од Отворен Балкан.

– Балканот за Европа е важен, како и Европа за Балакнот, убеден сум дека тоа ќе им стане јасно на сите. На винскиот саем е собран целиот регион. Но ние не сме тука само да промовираме храна и вино од регионот, туку да ги зближиме луѓето чекор по чекор – рече Рама.

Тој потенцираше колку е важно здружувањето на земјите како заеднички одговор на прехранбената и енергетската криза што ни се заканува, но и за можноста регионот да се претсатави како заеднички простор на инвеститорите.

– Да ги споиме искуства за инвеститорите и да им го понудиме овој простор Отворен Балкан. Ние, со претседателот на Србија и со премиерот на Северна Македонија не измисливме велосипед, само научивме како да соработуваме и да ги оставиме настрана старите проблеми. Оние кои имаат визија за добра иднина ќе го разберат Отворен Балкан – рече Рама.

Зоран Тегелтија, претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина беше видно разочаран што на овој Самит е како гостин и потенцираше дека е потребно Босна и Херцеговина да влезе во Отворен Балкан.

Премиерот на Црна Гора  Дрита Абазовиќ потенцираше дека е убаво да се видат на иста маса луѓето од регионот кога во Европа има војна.

– Досега се пробавме – војни, хуманитарни катастрофи, конфликти само не пробавме да соработуваме. Ајде да пробаме со поголема флексибилност на граници, подобра бизнис соработка. Иницијативата ја доживувам како многу позитивна – рече Абазовиќ.

На Самиот присуствуваа и министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу и министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто.

Во рамките на Самитот е и потпишувањето на меморандумите и тоа: Договори за соработка во областа на механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави; Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура; и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот