ДКСК: Нема судир на интереси во случајот на судијата поротник Митко Сандев

Фото: МИА

Државната комисијата за спречување на корупцијата (ДКСК) се изјазни по барањето на ВМРО-ДПМНЕ за да утврди дали има судир на интереси во случајот на судијата поротник Митко Сандев кој одлучува во судски предменти кои се водат против сегашни или поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ побара да се утврди и дали истиот судија поротник како член на политичка партија, Партија на пензионери, односно партија која е коалиционен партнер на владејачката партија СДСМ, има судир на интереси при неговата работа.

– Во овој случај ДКСК не утврдил прекршување на одредбите за судир на интереси согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси. ДКСК консттаира дека во законот за судовите и етичкиот кодекс на судиите и судиите поротници не постојат јасни и прецизни критериуми за избори и ограничување на судиите поротници. ДКСК укажува дека судијата поротник Митко Сандев во извршување на своите должности потребно е да постапи согласно начелото на интегритет и во вршење на своите обврски е должен да внимава на евентуален судир на интереси и не смее да се раководи од лични, семејни, верски, партиски и други интереси – изјави Катица Николовска, член на ДКСК.

Митко Сандев е судија поротник во случајот „Талир“ каде што е замрзнат имотот на Вмро Дпмне.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот