Директорот на Фиорентина завршил во болница, натпреварот со Аталанта одложен

Фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Натпреварот помеѓу Аталанта и Фиорентина кој требаше да се игра денеска во Серија А беше одложен откако директорот на тимот од Фиренца, Џузепе Бароне бил итно пренесен во болница.

Средбата помеѓу Аталанта и Фиорентина беше закажана за денес од 18:00 часот меѓутоа овој дуел се одложи и дополнително ќе биде соопштен датумот на кој ќе биде одигран.

Исто така засега не се откриваат повеќе детали за состојбата на Бароне, меѓутоа со оглед на тоа дека натпреварот е одложен се претпоставува дека ситуацијата е сериозна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот