Директорот на ЦИА во тајна посета на Украина

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс неодамна бил во тајна посета на Украина каде што се сретнал со претставници на украиснките служби и со претседателот Володимир Зеленски, објави „Вашингтон пост“.

За време на посетата, Барнс го потврдил американското ветување дека ќе споделуваат разузнавачки информации за да и помогне на Украина да се одбрани од руската агресија, изјавил неименуван американски функционер, пренесува Бета.

Според „Вашингтон пост“, украинските власти ги претставиле плановите за враќање на териториите окупирани од руските сили и очекувањата да започнат преговори за прекин на огнот до крајот на годината.

Патувањето на Барнс во Киев било пред бунтот на руската паравоена група Вагнер на 24 јуни.

„Вашингтон пост“ ги пренсува и тврдењата на американските официјални претставници дека САД немале никаква улога во  бунтот на Вагнер. Главните американски медиуми во петокот објавија дека Барнс по побуната на Евгениј Пригожин му телефонирал на шефот на руската разузнавачка служба Сергеј Наришкин за да го увери дека САД не се вмешани во тој настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот